Рафаел Надал утре се жени, папараците ја запоседнаа Мајорка: Местото на кое ќе се одржи церемонијата е вистински рај

Точка

18/10/2019

14:10

5.015

Големина на фонт

а а а

Познатиот тенисер Рафаел Надал утре на Мајорка ќе ја ожени својата долгогодишна девојка, Марија Франциска Перељо, која шпанските медиуми ја нарекуваат и Чиска.

На раскошната венчавка на Надал и неговата љубов од детството со која е веќе 14 години во врска, ќе присуствуваат повеќе од 500 гости, пренесуваат шпанските медиуми. 

За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а како што се наведува, Рафа на својата венчавка ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.


Според медиумите во Шпанија, помеѓу гостите ќе се најдат и Кристијано Роналдо, Пау Гасол, пејачот Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. На гостите ќе им биде забрането користење на мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи употреба на дронови на церемонијата.

Исто така, приватните авиони нема да имаат можност да го надлетуваат местото на венчавката, со цел да се спречи обидот на папараците да дојдат до ексклузивни фотографии.


Марија ја одбрала својата венчавица во Барселона, додека венчавката ќе ја изврши локалниот свештеник Томеу Катала, пријател и свештеник на семејството Надал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг