Студент го опцул Стивен Кинг на Фејсбук: Одговорот на писателот собрал милиони лајкови

Супермен

17/10/2019

18:20

3.316

Големина на фонт

а а а

До американскиот писател на хорор и фантастика, Стивен Кинг лесно е да се дојде. Пристапен е за соработка па на студентите некогаш им одговара и по пат на Фејсбук.

Станува збор за проектот "The Dollar Baby", договорот помеѓу Стивен Кинг и студентите, младите филмски и театарски режисери и продуценти на кои Кинг им дава дозвола за еден долар да адаптираат некоја негова кратка приказна.

Пред да настане овој проект, младиот, непознат режисер, Френк Дарабонт му се јавил на Кинг и му предложил од неговата кратка приказна „Бегство од Шошенка“ да направи филм. Кога го прашал колку пари му должи, Кинг барал 1.000 долари, сомневајќи се за конечкиот производ на филмот.

Кога некој студент му напишал: „Е*и се Стивен Кинг“, писателот му вратил со иста мера.


Кинг бил изненаден кога филмот „Бегство од Шошенка“, кој премиерно бил прикажан во 1994-та година, бил номиниран и за седум Оскари. Денес важи за еден од најдобрите филмови на сите времиња, а на IMBD листата е најдобар филм на годината и го држи првото место.


Следниот филм кој го направил Френк бил филмот „Зелена милја“, исто така направен според книга на Стивен Кинг. И ова остварување со Том Хенкс во главна улога било многу успешно, добивајќи дури четири номинации за Оскар.

Проектот на Кинг „The Dollar Baby“ оттогаш е многу популарен, но исто така многу од филмовите кои биле адаптирани според неговите кратки приказни поминале многу лошо кај публиката и критичарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk