Драма за сексуално злоставување и критика кон Доналд Трамп ги сплоти Никол Кидман, Шарлиз Терон и Маргот Роби во филмско остварување според вистинска приказна

Точка

17/10/2019

16:57

1.840

Големина на фонт

а а а

Оние кои беа вклучени во овој скандал како и многу други кои многу ги интересира што се случило, желно очекуваат да го погледнат ова остварување.

Новиот трејлер за филмот „Bombshell“ кој е направен според вистинита приказна, прикажува три жени од американскиот ТВ канал “Fox News“ како се подготвуваат за борба против сексуалното вознемирување.

Ситуацијата ја следи новинарката Гречен Карлсон (Никол Кидман) која сака да започне судски процес против Роџер Ејлс, основачката на „Fox News“.


Во исто време младата продуцентка, фиктивен лик со име Кејла Посписли (Марго Роби), добива работа во оваа куќа и набрзо ќе дознае за “нездравите“ услови кои ги има таму.

Оваа приказна се преплетува со новинарката Меган Кели (Шарлиз Терон), чија јавна критика врз Доналд Трамп станува “жестока“.


Како што веќе спомнавме, филмот е направен според вистинска приказна и луѓето кои биле вклучени во овој скандал како и многу други ги интересира што навистина се случило.

Филмот го режирал Џеј Роуч, а го напишал Чарлс Рандолф.

Премиерата за истиот е закажана за 20-ти декември 2019-та година.

Погледнете го трејлерот: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг