Пропаѓањето низ црна дупка звучи како кошмар: Гравитацијата ќе ве растегне како шпагети, ќе поцрвенете, па ќе останете вечно замрзнати

Точка

17/10/2019

15:13

3.018

Големина на фонт

а а а

Ако некогаш паднете во црна дупка, ќе оставите отпечаток на надворешниот раб за век и векови, велат научниците.

Прво јачината на гравитација на црната дупка ќе предизвика се што падне во неа да стане развлечено како шпагета. Тоа е место на кое гравитацијата е толку силна и е многу помоќна на основата отколку на врвот. Кога, на пример, би патувале во црна дупка и би влегле во неа прво со нозете, силната гравитација ќе ве растегне до точка на која би биле само долг млаз на атоми. 

Меѓутоа, ако патувате таму со некој - а таа личност остане на вселенскиот брод - таа никогаш нема да види како вие влегувате во црната дупка, туку ќе види како вие замрзнувате на нејзиниот раб и станувате се поцрвени, пишува британски "Express".

Тоа е затоа што нејзината гравитација ја развлекува светлината која се рефлектира од вашето тело, што значи дека брановите должини се поголеми, а бојата на најголемата бранова должина е црвена.

"Вашиот вселенски сопатник би видел како се растегнувате, но никогаш нема да види дека паѓате во црна дупка. Наместо тоа, ќе почнете да менувате боја. Ќе станувате се поцрвени и поцрвени додека на крајот сликата не се замрзне на работ на црната дупка, од аголот од кој луѓето ќе ве гледаат од вселенскиот брод", објаснува Ема Озборн, астрофизичарка од Универзитетот Саутемптон.

"Причина за тоа е светлината во интеракцијата со гравитациското поле, па било која светлина која се рефлектира од вас, како патува од вашето тело кон вселенскиот брод станува растегната. Кога брановата должина се зголемува, би дошле до црвениот крај на светлосната скала и би поцрвенеле", додала таа.

Со оглед на тоа дека гравитацијата влијае на просторот и времето, би останале "замрзнати" во времето.

"Како се растегнува просторот, така се растегнува и времето кое тече се побавно и побавно кога сте во гравитациско поле", наведува Озборн.

Меѓутоа, би било речиси невозможно да дојдете до црна дупка, бидејќи најблиската до нас е лоцирана на 6.523 светлосни години далечина.

Најдалеку што отишле луѓето од Земјата било во 1970-та година, кога Аполо 13 преминал на далечната страна на Месечината. За тоа им биле потребни три дена а минале 400.171 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг