Климатските активисти во Лондон ги разбеснија патниците: Се качија на вагоните од подземната железница...

Точка

17/10/2019

13:30

999

Големина на фонт

а а а

Климатските активисти денес го блокираа железничкиот сообраќај во Лондон и предизвикаа физички пресметки на бесните патници со демонстрантите кои се качија на вакон на лондонското метро за време на најголемиот метеж.

Организацијата "Extinction Rebellion" веќе втора седмица по ред протестира на лондонските улици. Досега на нивна „мета“ се најдоа владини згради, аеродроми и финансиски институции.

Не пропуштајте: Климатски активисти направија хаос на аеродром во Лондон: Еден од нив успеа да се качи на покривот на авионот

Лондонскиот градоначалник, полицијата и патниците ја критикуваа оваа организација поради нивната „тактика“, нагласувајќи дека јавниот превоз е една од најзелените можности за патување низ градот.

„Оваа противзаконска акција е исклучително опасна, контрапродуктивна и предизвикува неприфатливо пореметување на граѓаните на Лондон кои со јавниот превоз патуваат на работа“, изјави лондонскиот градоначалник Садик Кан.

"Extinction Rebellion" го привлече вниманието на јавноста кога во април предизвика сообраќаен колапс во Лондон кој траеше 11 дена.

Целта на оваа организација е поттикнување на бунт против политичките и социјалните структури од модерниот свет со цел да биде спасена нашата планета и да биде избегнато најлошото климатско сценарио кое ѝ се заканува на Земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг