Каталонскиот премиер најави независност до 2021 година

Макфакс

17/10/2019

12:53

965

Големина на фонт

а а а

Претседателот на каталонската влада, Квим Тора, денеска изјави дека планира да ја направи Каталонија независна од Шпанија до крајот на 2021 година, доколку со тоа се согласат каталонските партии.

Обраќајќи се во регионалниот парламент, Тора рече дека сака предлогот за Каталонска Република да биде готов до следната пролет.

Тој претходно рече дека треба да се одржи нов референдум за самоопределување на Каталонија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Мандатот на регионалниот парламент истекува во декември 2021 година.

Во Барселона во понеделникот започнаа нови протести на Каталонците, откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид да се прогласи независност на Каталонија во 2017 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг