Ова се 10-те најбогати Јутјубери за 2019 година

Супермен

17/10/2019

11:31

2.784

Големина на фонт

а а а

Интернет заработката станува сè поголема, а поединци успеваат да заработат милиони за многу краток временски период.

Јутјуб веќе подолго време е една од најпопуларните интернет платформи, а професијата “Јутјубер” станува сè почеста појава, дури и на нашите простори. Оние кои успеваат да соберат доволен број претплатници имаат можност да најдат спонзори и преку своите прегледи да заработат огромна сума на пари, така што денес секој од својата соба може да отпочне свој Јутјуб канал и да стане милионер ако неговата содржина е доволно гледана. 


Секако, на почетокот никој не ни сонуваше дека преку овој сајт можат да се заработат огромни пари, и тоа исклучиво од снимање видеа, а пар Јутјубери успеаја да постават неверојатни рекорди и нивните канали имаат милионски број на следбеници. PewDiePie е еден од примерите бидејќи тој успеа на својот канал да собере над 100 милиони следбеници.

Оваа професија најчесто ја нарекуваат и “работа од соништата” бидејќи едноставно снимате видеа додека се забавувате и добивате пари за тоа. Јутјуберите сепак коментираат дека оваа работа е како и секоја друга, дека постојат многу одрекувања и дека е потребно многу време за клиповите да бидат што поквалитетни. Точно е дека работата е забавна, но дека е лесна – воопшто не е точно.

Во мноштвото Јутјубери, сепак се издвојуваат неколкумина по својот успех и својата огромна гледаност. Ова се 10-те најбогати Јутјубери за 2019 година:

10. Logan Paul – 14,5 милиони долари

9. PewDiePie – 15,5 милиони долари


8. Jacksepticeye – 16 милиони долари


7. VanossGaming – 17 милиони долари


6. Markiplier – 17,5 милиони долари


5. Jeffrey Star – 18 милиони долари


4. DanTDM – 18,5 милиони долари


3. Dude Perfect – 20 милиони долари


2. Jake Paul – 21,5 милиони долари


1. Ryan ToysReview – 22 милиони долари


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk