Москва ја спушта „рампата“: Русите и Курдите пристигнаа на турската граница, плановите на Ердоган пропаѓаат?

Точка

17/10/2019

09:40

7.655

Големина на фонт

а а а

Руските сили ја преминале реката Еуфрат на северот на Сирија и пристигнале во предградијата на Кобане, град на самата граница помеѓу Турција и Сирија.

Како што пренесува Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, руските сили преку Кобане продолжиле да напредуваат кон исток, а за ситуацијата да биде покомплицирана, Русите заедно се движат со Сириските демократски сили кои ги предводат Курдите.

Неколку дена претходно, од Сириските демократски сили кои што практично се целосно составени од курдски борци, постигнаа договор со сириската влада за распоредување на сириската армија на границата. Ова се случи откако Турција изврши инвазија на североистокот на Сирија која и натаму трае.

Не пропуштајте: Русите пристигнаа на фронтот: Кога го гледаат нашето знаме, Турците и Курдите веднаш прекинуваат со борбите!


„Руските сили пристигнаа на подрачјето кај Кобане, односно на околу 4 до 5 километри од градот, откако ја преминаа реката Еуфрат“, изјави Рами Абдулрахман, прв човек на Сириската опсерваторија за човекови права.

Запрашан за ваквите информации, еден од командантите на Сириските демократски сили, изјави дека се уште не добил информации за распоредувањето.


Инаку, воениот сојуз на Сириските демократски сили и Дамаск, а со тоа и со најголемиот сириски сојузник Москва, претставува голем пресврт во политиката на Блискиот исток, откако Американците соопштија дека ја напуштаат Сирија, а со тоа и нивните најголеми досегашни сојузници - Курдите.

Претходно, сириската армија, односно новиот сојузник на Курдите ги распореди силите во градот Манбиџ кој исто како и Кобане беше од клучна важност за турските сили кои имаат намера да направат тампон зона долж границата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг