Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Макфакс

17/10/2019

08:20

1.039

Големина на фонт

а а а

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор синоќа во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, информираат од владината прес-служба.

Разговорот за време на средбата го одбележало заедничкото очекување дека лидерите на земјите членки на ЕУ на утрешното заседание ќе прават напори да дојдат до консензуално решение поврзано со почетокот на преговорите за Северна Македонија.


„На средбата беа уште еднаш признаени и потврдени сите успеси што Република Северна Македонија ги постигна во изминатите две и пол години и едногласно беше заклучено дека нашата земја и граѓаните ги исполнија сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи“, стои во владиното соопштение.

На средбата со Туск исто така учествувале и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг