Трамп: Ако нема решение, санкциите кон Турција ќе бидат разорни

Точка

16/10/2019

21:58

1.617

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД се обидуваат да најдат решение со Турција по нападот во североисточна Сирија, но додаде дека санкциите против Анкара ќе бидат разорни ако разговорите не успеат.

„Ние сме во одлична позиција. Се надевам дека потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео имаат успешни состаноци во Анкара. Ако тоа не биде случај, санкциите, тарифите и другите работи што ги правиме и ќе ги направиме кон Турција, ќе бидат погубни за нејзината економија“, рече Трамп на заедничка прес-конференција со италијанскиот претседател Серџо Матарела во Вашингтон.

Трамп во понеделникот ги зголеми даноците на увоз на челик од Турција за 50 проценти и се закани со построги санкции поради офанзивата на земјата во Сирија, додека претставниците на Конгресот најавија воведување санкции кон Анкара.

Mинистерството за надворешни работи на Турција, пак, денеска соопшти дека подготвува реципрочни санкции против САД.

По состанокот на Владата во Анкара, портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, рече дека на американските власти јасно им е кажано дека Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и дека нема да преговара со курдските борци.

Трамп последниве денови беше критикуван за одлуката да ги повлече американските трупи од североисточна Сирија, што ја отвори вратата за турска офанзива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг