Посетете го магичниот Хелсинки: Улицата Булеварди, Старата црква и не само тоа

Точка

16/10/2019

20:38

1.901

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте размислувале за тоа како е да имате сопствен театар? Една од знаменитостите на градот е на продажба...

Во Александар театар има 500 места, точно колку што биле потребни во 1879-та година, кога театарот бил изграден, да ги собере сите офицери од локалниот руски гарнизон под управа на царот Александар Втори, по кого театарот го добил името. 

Оние кои сакаат да дадат своја понуда ќе мора да докажат дека се вистински љубители на театарот, за финската влада да одлучи да им го довери ова важно историско здание.

Да се биде сопственик на ваков театар има своја цена, а конкретно само реновирањето на "Александар театар" ќе чини околу 40 милиони евра

Театарот се наоѓа на адресата Булеварди 23-27, а на оваа улица има голем број на згради посветени на културно-уметничките активности.

View this post on Instagram

Александринский театр первоначально строился как русский театр для военнослужащих гельсингфорсского гарнизона. Назван в честь Александра II, который покрыл значительную сумму расходов из своей казны. #itraveller #Хельсинки #Helsinki #Helsingfors #Гельсингфорс #финляндия🇫🇮 #suomi🇫🇮 #finland🇫🇮 #ФинляндскаяРеспублика🇫🇮 #suomentasavalta🇫🇮 #republikenfinland🇫🇮 #АлександровскийТеатр #AleksanterinTeatteri #Alexandersteatern #путешествия #nikonrussia #natgeotravel #unesko #lonelyplanet #natgeo #nikon #rosphoto #последамюнеско #lonelyplanet #35photoru #bbcearth #bbctravel #EarthCapture #mylpguide #35awards #lovetheworld

A post shared by Irina Skripka (@violin.i) on

Најпознат е музејот за уметност Синебрихоф, кој поседува голема и оригинална сликарска колекција. Музејот се наоѓа во куќата во која живеело семејството Синебрихоф, а Пол, членот на семејството кој почнал да купува уметнички дела, го отворил музејот во 1921-ва година.

На улицата Булеварди се наоѓа и Старата црква, која е сместена во голем парк. Црквата е изградена во 1826-та година во неокласичен стил, а посетителите имаат можност да уживаат во звукот на оргулата секој вторник.

Туристите кои доаѓаат во Хелсинки не би требало да го пропуштат ни Народниот театар, како ни Народниот музеј на Финска, а сите овие установи се наоѓаат во центарот на Хелсинки и не се премногу оддалечени едно од други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг