Не ми кажаа кога ќе го погребаат сопругот! Неговото семејство ме обвинува што стана алкохоличар!

Точка

16/10/2019

20:06

3.792

Големина на фонт

а а а

„Мојот сопруг почина од алкохолизам и неговото семејство ме обвинува што го напуштив. Дури и ме игнорираа на погребот“, ѝ се обратила скршена жена на терапевтката Деидре.

„Имам 57 години, а во брак бевме само четири. Секогаш се опиваше, но стана полошо кога замина во пензија минатата година“, продолжила таа.


Вели дека купувал кутија со вино и потоа ја пиел за една вечер. Му била поддршка во многу обиди за одвикнување и детоксикација, но тој секогаш им се враќал на пороците.

„Преку пораките од неговите пријатели дознав дека починал, а неговото семејство едвај ме погледнуваше на погребот“, додала неутешната жена.

Вели дека домот во кој живееле е во страшен хаос, а се гледаат и дамки од крв каде што паѓал.


„Тоа е тажно, но не си ти виновна. Не би можела да го натераш да престане да пие или да ја излечи својата зависност од алкохол. Претпоставувам дека токму тие поради чувството на вина сакаат да ве обвинат вас, но не мора да ја прифатите нивната осуда“, советувала терапевтката Деидре. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг