Од оваа соработка на Русија и Иран Америка најмногу стравува: Заедничките морнарички вежби на Москва и Техеран ќе го променат односот на силите на Блискиот исток!

Точка

16/10/2019

20:21

2.014

Големина на фонт

а а а

Додека воените и дипломатски тензии и натаму вријат меѓу Вашингтон и Техеран, Иран тргнува повторно да го потврди своето присуство во Персискиот залив - со руска помош.

На почетокот на оваа недела, контраадмиралот на иранската морнарница Хусеин Канзади, ги потврдил претходните извештаи дека Техеран и Москва потпишале договор за одржување на заеднички морнарички вежби: "Потпишавме договор за заеднички вежби со вооружените сили на Русија и командата на руската флота. Наскоро ќе започнеме и подготовки и планирање на маневри и тие ќе бидат спроведени оваа година". 

Во друга изјава, Канзади ја потврдил локацијата: "Се очекува дека наскоро во Индискиот океан ќе се одржи заедничка руско-иранска вежба. Вежбата исто така може да се одржи во северниот дел на Индискиот океан, вклучувајќи го Ормушкиот премин", рекол командантот на морнарицата.

Канзади не криел против кого се овие вежби наменети: "Ситуацијата во Персискиот залив е апсолутно мирна и покрај фактот дека САД и Велика Британија со своите лаги и блеф се обидуваат овој регион да го прикажат како небезбеден".

Должината и содржината на вежбите уште не се откриени. Вежбите во 2015-та година биле насочени на подготовка на иранската борбена готовност за површински бродови, додека тие во 2017-та опфаќале широка палета на активности, од тактики за командување до ракетни вежби за гаѓање на цели на море од брег. Со оглед на различниот локалитет и имајќи го во предвид развојниот пат на иранската морнарица во последните неколку години, не е неразумно да се претпостави дека иранските мини-подморници ќе учествуваат во настанот.

Останува да се види дали тие вежби, во вистинско време, ќе отворат суштински пресврт во руско-иранските одбранбени односи. Додека одлучувачкиот дел од моменталните ирански ракетни единици и сили за противракетна одбрана е опремен со руско и советско оружје, речиси целата нивна оперативна морнарица произвела иранска домашна одбранбена индустрија во последните неколку децении.

Техеран и Москва неодамна пронашле заеднички интерес во судирот во Сирија, но сплетот од технички и политички околности ја натерал Русија да не го извезува својот главен воен хардвер - посебно ракетниот систем S-400 и борбените Su-30 во Иран.

Сепак, најавата се поклопува со неодамна предложената Кинеска колективна безбедносна шема за Персискиот залив, која некои руски политички аналитичари ја земале како стратегија против пристапот за отстранување на НАТО и САД од тој регион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг