Јорданските фудбалерки станаа хит на интернет - ја опкружиле ривалката за да го намести својот хиџаб и покажале што е човечност

Точка

16/10/2019

18:00

3.453

Големина на фонт

а а а

Спортот е убава работа, здрава рекреација која спојува, а не ги дели луѓето, ги прави да бидат подобри, похумани...

Баш таков, човечки момент, емоционален, забележан бил на натпреварот на дамите од Шабаб ал Ордон од Јордан и еден арапски клуб, каде како и насекаде во таа земја, владеат строгите религиски норми, па така фудбалерките своите натпревари ги одигруваат со традиционалните хиџаби.

Фудбалерката од арапскиот фудбалски тим во еден момент останала без својот хиџаб, кој ѝ паднал по дуелот со противничките - и не можела понатаму да продолжи.

Со рацете го покрила своето лице, се додека хиџабот не бил вратен на местото каде што требало да биде, а во тоа со молскавична реакција ѝ помогнале противничките, така што ја опкружиле и ја сокриле од погледите на навивачите, за таа да го поправи овој важен дел од својата “спортска“ опрема.

Набрзо тоа видео станало хит на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг