Познатиот бренд за долна облека, „Викторија Сикрет“, со години за своите рекламни кампањи и ревии бирал само витки девојки, па поради тоа многупати се нашол во скандали.
Сега брендот одлучил да започне ново поглавје во својата историја и првпат ангажирал плус сајз модел.
Девојката се вика Али Тате Катлер и носи американска облека со големина 14, што одговара на меѓународните М-Л. Моделот ќе претстави линија во рамки на соработката на Викторија Сикрет со британскиот бренд за долна облека, „Bluebella“.
Во интервјуто Али рекла дека само во манекенството себеси се смета за плус сајз манекенка.
„Во суштина, М-Л е најпопуларната големина меѓу жените“, вели Катлер. Според моделот, нејзината главна цел во соработката со ВС е да им докаже на сите девојки дека може да бидат убави, без оглед на големината на облеката.
„На модната писта сега ќе претставуваат различни модели на долна облека за девојки со било која големина, висина, боја и етничка група“, вели Али.