Мертенс го напушта Наполи и се сели во Кина?

Точка

16/10/2019

16:02

1.164

Големина на фонт

а а а

Се чини дека по крајот на оваа сезона, белгискиот напаѓач Дрис Мертенс ќе го напушти италијански Наполи.

На Белгиецот по завршувањето на оваа сезона му истекува договорот со Наполитанците, а со оглед на тоа што засега нема информации за можно продолжување, голема е веројатноста Мертенс наскоро да го напушти Наполи.

Наводно тој веќе добил богата понуда од Кина. Не е познато за кој клуб станува збор, но италијанските медиуми пренесуваат дека за три години белгискиот репрезентативец би можел да заработи 17 милиони евра.

Мертенс би можел да го напушти Наполи веќе во јануари за Наполи да заработи нешто од неговиот трансфер, па останува да почекаме и да видиме дали тој наскоро ќе си замине, или можеби ќе го продолжи договорот со италијанскиот клуб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг