Икарди: На Интер можам да им посакам сѐ најдобро

Точка

16/10/2019

15:56

1.489

Големина на фонт

а а а

Аргентинецот неколку сезони по ред беше најдобар играч на „Нераѕурите“, но после конфликтот со управата, од миланскиот клуб одлучија да го продадат.

Мауро Икарди моментално настапува како позајмен играч во редовите на париски ПСЖ, иако сакаше да остане во Интер, а сега во интервју за „Газета Дело Спорт“ се осврна на многу теми поврзани со неговиот поранешен клуб.

„На Интер можам да им посакам сѐ најдобро во секое натпреварување, во Милано сѐ уште имам многу пријатели. Можеби тоа ќе биде добра година за Скудетото, Интер има тренер како Конте кој сака да победува и играчи кои сакаат исто така да победуваат“, изјави Икарди, а потоа проговори и за неговиот „наследник“, Ромелу Лукаку.

„Мислам дека започна добро, постигна неколку голови веднаш. Тој исто така беше повреден, па тој факт ги предизвика вообичаените критики“, додаде Икарди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг