Меси ја доби шестата Златна копачка

Точка

16/10/2019

15:33

1.715

Големина на фонт

а а а

Денес Лионел Меси ја доби наградата за најдобар стрелец во Европа, откако минатата сезона Аргентинецот постигна 36 погодоци за Барселона во Примера.

Ова е шести пат Лионел Меси да ја освојува Златната копачка, а тоа е нов рекорд по бројот на овие награди. Инаку, Кристијано Роналдо оваа награда ја има добиено четири пати.

Ѕвездата на Барселона досега ја освојуваше Златната копачка за сезоните 2009/10, 2011/12, 2012/13, 2016/17 i 2017/18.

Инаку, после Меси најдобар стрелец е напаѓачот на париски ПСЖ, Килијан Мбапе со 33 постигнати погодоци во францускиот шампионат, додека на третото место се најде Фабио Кваљарела со 26 постигнати погодоци во Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг