Во Томск во Русија во април оваа година бил роден малиот Александар К, или Саша, како што го нарекуваат, со многу редок хендикеп - тој е едно од трите бебиња во светот без очи.
Поради тоа што едноставни нема органи за вид, шестмесечниот Саша никогаш нема да може да гледа. Се верува дека детето пати од екстремен облик на реткиот SOKS2 анофталмиски синдром, кој погодува едно бебе во четвртина милион.
Мајката на Саша е девојка која и самата пораснала во сиропиталиштето во кое сега е нејзиниот син. Таа за хендикепот на детето дознала додека била бремена, но сепак одлучила да го роди. Меѓутоа, морала да се откаже од него бидејќи не можела да му ја пружи негата која му била потребна. Нема податоци за таткото, а во неговиот матичен лист има цртичка каде што треба да стои името на таткото.
В Томске мать отказалась от родившегося без глаз ребенка https://t.co/1ehyftB00e pic.twitter.com/T3M1o6Su4H
— topnews_ru (@topnews_ru) October 13, 2019
Во сиропиталиштето велат дека Саша е весело и мирно бебе. Се смее кога слуша познати гласови. Се смее и комуницира како секое друго бебе.
Покрај тоа што нема органи за вид, лекарите велат дека малиот Саша е единствен и по тоа што е сосема здрав. Обично бебињата родени со тежок хендикеп имаат и други здравствени проблеми, но ова дете има само две цисти на челото, кои наскоро ќе бидат отстранети. Инаку е сосема здрав.
На детето во Санкт Петербург неодамна му направиле вештачки очни јаболчници за да не му се деформира лицето додека расте. На таквите операции ќе мора да оди редовно, бидејќи и очните јаболчници растат како и другите делови од телото.
"Саша минува низ редовни прегледи и тестови како и секое друго бебе на негова возраст. Добро му оди", вели Татјана Рудниковиќ, докторка од Томск, и додава дека детето е подготвено за посвојување.
Предност во посвојувањето прво ќе имаат родители од Русија, а подоцна ако нема заинтересирани и од други делови од светот, со тоа што постојат ограничувања кога станува збор за посвојувачи од САД.