Затворена е Црната дупка на Fortnite, пристигна Chapter 2 со бројни новитети

Точка

16/10/2019

16:44

2.804

Големина на фонт

а а а

Веќе две години откако постои, островот во Fortnite беше место каде што се собираа милиони гејмери за да ја играат една од најпопуларните видео игри на денешницата.

Меѓутоа, мапата неодамна исчезна, а играчите можеа да видат само Црна дупка. Но, Fortnite повторно се врати на сцената.

Од Epic го претставија целосно новиот Chapter 2 кој носи нова локација за истражување. Новиот остров е „подив“ и недопрен во однос на претходниот, има многу шуми, планини и езера, а помалку градови и урбани населби. Доста е поразличен и постарите играчи ги потсетува на „старите денови“ на Fortnite.

Тоа веројатно ќе се менува како што Battle Royale островот ќе продолжи да се развива преку надградби и нови сезони. Тоа што е познато е летечкиот автобус кој ги носи играчите во битка.

Chapter 2 носи нови можности, вклучувајќи ловење на риба и пливање, како и нови возила, меѓу кои и чамци. Има и нови можности за мултиплеер кои им овозможуваат на играчите координација на танцувањата со пријателите. Кога станува збор за новите оружја, има верзија на ракетен фрлач, целосно нов полуавтоматски пиштол, а играчите ќе можат да се кријат во сено и контејнери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг