Плачете додека го сечете кромидот!? - со помош на овој трик ќе ставите крај на тие маки!

Точка

16/10/2019

16:30

3.011

Големина на фонт

а а а

Очигледно дека кромидот е единствениот зеленчук кој го растажува човекот. На поголемиот дел од луѓето веднаш им течат солзи од очите откако ќе почнат да го сечкаат кромидот.

Научниците со години ги интересирала оваа особина на кромидот. Нивните проучувања откриле дека во лукот и во кромидот се одвива истиот хемиски процес, но со различни резултати.


Кога се сече или пак кога се гмече главицата од кромидот, еден посебен ензим доаѓа во допир со хемиските состојки на лукот. Тој ензим го преобразува тој хемиски состав во алицин. Алицинот е материја која на лукот му дава лут мирис кој останува во здивот и на прстите. Исто така кога ќе исечете кромид, почнува да делува ензимот кој речиси е ист како оној кој го создава алицинот во лукот.


Овој ензим реагира со единствената хемиска состојка во кромидот и создава друга хемиска состојка која се нарекува лакримален фактор. Оваа хемиска состојка го добила своето име по солзните жлезди, кои се нарекуваат и лакримални жлезди.

Интересен факт: доколку кромидот и лукот се ставени во фрижидер пред да се сечкаат, тогаш ниската температура ќе го намали дејството на лакрималниот фактор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг