Центиметри ги делеле од смрт: Мајка ги фотографирала своите деца, а кога подоцна ја видела фотографијата се “скаменила” од страв

Точка

16/10/2019

16:21

5.427

Големина на фонт

а а а

Братот и сестрата си играле во шума во близина на нивниот дом во Ескдејл, Австралија, без да знаат дека неколку центриметри ги делеле од сигурна смрт.

Нивната мајка Алана ги фотографирала за спомен, а кога подоцна ја видела фотографијата, се “скаменила” од страв.


Десно од ногата на нејзиниот син се наоѓала источна кафеава змија, една од најопасните отровници на светот. 


Овој вид змија може да предизвика срцев застој само неколку минути по загризот и одговорна е за 41 отсто од смртоносните каснувања од змии во Австралија. Ова е втора најотровна змија на светот, зад копнениот тајпан кој живее на истокот од Австралија.

Експертите велат дека невообичаеното топло време довело до наезда на змии во Австралија, особено на змиите од овој вид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг