Се појавија нови фотографии од Голф 8: Внатрешноста изгледа прилично модерно!

Точка

16/10/2019

16:10

4.803

Големина на фонт

а а а

На прв поглед внатрешноста на новиот Голф изгледа многу модерно, а останува да видиме како ќе изгледа тоа кога ќе се стартува моторот, односно кога сите екрани ќе се вклучат.

Во пресрет на претставувањето на осмата генерација на најпопуларниот модел на Фолксваген, досега на интернет се појавија бројни шпионски фотографии и скици, а најновите фотографии кои што пристигнуваат од Словачка досега најдобро ја прикажуваат внатрешноста на автомобилот.

Наводно станува збор за основната верзија на Голф 8, а доколку е тоа вистина, тогаш осмата генерација на Голф ќе биде многу дигитализирана со голем екран за инфотејнмент системот, но и виртуелен кокпит како дел од стандардната опрема.


Инаку, премиерата на новиот Голф е закажана за 24-ти октомври кога ќе биде организирано специјално претставување во Волфсбург во 18 часот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг