Размислете добро пред да запалите миризлива свеќа – може да предизвика тешки болести

Точка

16/10/2019

15:55

3.872

Големина на фонт

а а а

Миризливите свеќи се едно од најдобрите средства за неутрализирање на чадот од цигарите во затворени простории, но дали сте се запрашале колку нивното испарување му штети на вашето здравје?

Експертите предупредуваат дека миризливите свеќи можат да му нанесат огромна штета на вашето здравје. Докажано е дека пареата која свеќите ја испуштаат може да предизвика астма, па дури и рак на бели дробови. 

Повеќето миризливи свеќи се направени од парафински восок кој се добива од нафта или јаглен. Студиите покажуваат дека при горењето, свеќите ослободуваат хемикалии кои предизвикуваат рак и можат да бидат особено штетни за лицата кои имаат проблеми со респираторните органи.

Научниците од државниот универзитет во Јужна Каролина откриле дека долготрајната изложеност на испарување од парафински восок може да нанесе сериозна штета по здравјето.


“За лицата кои со години користат миризливи свеќи, вдишувањето на овие опасни загадувачи кои “лебдат” во воздухот може да го зголеми ризикот од појава на канцер, вообичаени алергии, па дури и астма”, изјавил д-р Рухул Масуди од универзитетот.

Д-р Енди Витамор, интернист од Велика Британија истакнува:

“Иако сè уште не знаеме точно кои хемикалии или мириси можат да предизвикаат астма, наш совет е луѓето да ги избегнуваат миризливите свеќи ако забележат дека повеќе кашлаат или имаат некои други симптоми како што е отежнато дишење во нивно присуство”.

Теоријата дека испарувањето од ваквите свеќи може да предизвика рак наиде на бројни критики во Велика Британија, а експертите сметаат дека не постојат доволно научни докази кои би ја потврдиле оваа теорија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг