Од сопствени потреби направил бизнис: Почнал од нула, сега годишно заработува 115 милиони евра

Точка

16/10/2019

15:09

3.595

Големина на фонт

а а а

Економистот Тимо Болт, сопственик на компанијата "Густо", поради прекувремена работа немал време за готвење, а проблемот го решил и повеќе од успешно.

"На 26 години работев како економист во една лондонска корпорација. Дури кога нешто би зготвил или купил во продавница поголем дел од храната во главно фрлал во ѓубре", се потсетува Болт, денес сопственик на лондонската компанија "Густо", која ги решава проблемите со набавка на намирници на сите оние кои немаат време за одење во продавница. 

"До идејата дојдов од лични потреби. Сфатив дека околу мене има голем број на луѓе кои би сакале да зготват оброк дома, но едноставно не стугнуваат да одат во набавка. Во тоа време во Германија постоеја неколку слични компании од кои сам преземав некои делови од работењето", додава Болт.

Како што објаснува, неговиот "Густо" всушност на домашна адреса доставува кутија со сите потребни намирници за подготовка на саканиот оброк. Состојките се однапред одбрани и прилагодени на бараната порција на корисникот, а покрај нив доаѓа и рецепт за подготовка. Истакнува дека на крајот најчести купувачи му станале млади семејства со деца или вработени самци.

Денес, седум години подоцна, неговата компанија годишно има 100 милиони фунти приходи од продажба, а како што наведува CNN, заедно со своите конкуренти е дел од индустријата која моментално само во Британија вреди повеќе од милијарда долари, додека според предвидувањата, до 2025-та година на глобално ниво таа индустрија ќе вреди повеќе од девет милијарди долари.

""Густо" ја отворив од сопственото штедење во својот дом. Низ години заштедив 75.000 фунти и тоа го вложив во нов бизнис. Понекогаш продажбата знае да достигне такво ниво што не немав време да испорачам се, а потоа доаѓаше период кога немав ниедна нарачка. Како и секој почеток, и овој беше тежок", објаснува тој.

Неговата компанија сега во просек може да испорача 250.000 пакети месечно. Вработува повеќе од 500 луѓе ширум Британија, а идната година тие бројки планира да ги крене на 1.200 работници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг