Психолозите откриваат што кажуваат фотографиите кои ги споделувате на Инстаграм за вас - дали се пронајдовте?

Точка

16/10/2019

14:27

2.059

Големина на фонт

а а а

Што сакате повеќе, селфи фотографии или пак пејзажи!? Дали некогаш сте се прашувале што претставуваат фотографиите кои ги објавувате на Инстаграм за вас и вашата околина?

Неодамна спроведеното истражување покажало дека дури 64 отсто од нас создале “online личности“, односно целосно различна верзија од себе на социјалните мрежи.

Психолозите веруваат дека фотографиите се “најдобриот начин за да се чувствуваме подобро“ и дека тие “ги илустрираат најидеалните аспекти од нашите животи“.

Фотографии со пејзажи

Наместо навистина да уживате во погледот, вие ги фотографирате пејзажите и ги ставате на социјалните мрежи?

Со тоа покажувате дека не ви недостасува работа, но ви недостасува дневна доза валидација која ви е важна.


„Еве неколку фотографии да ве потсетам дека сум подобра од вас дури и кога не сум присутна“.

Пејзажите се најдобар начин да го истакнете социјалниот и финансискиот статус, но на суптилен начин.

Селфи

Може да ги сакате или пак да ги мразите, но тие се “задолжителни“ речиси на секој профил. Сепак, според мислењето на експертите тоа е само обид за да импресионирате некој.

Дали некој намерно објавува селфи фотографија на која не е убав? Не, секако.


„Јас сум паметна, шик и уживам во живтот. И покрај сето тоа шминката ми е совршена“.

Авантуристични фотографии

Дали се фотографирате додека скијате или пак додека се искчувате на планина, вие им покажувате на сите останати дека е потребно многу работа за да уживате така.


Исто така ги потсетувате луѓето дека вие сте подготвени за секаков предизвик, а голема е веројатноста дека една таква фотографија на секој месец ги потсетувате на луѓето дека вие сте присутни на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг