Куќи како од бајките кои државата ги стави на продажба - ќе ве фрапира неверојатно ниската цена

Точка

16/10/2019

14:03

2.440

Големина на фонт

а а а

По итекувањето на закупот со градежните објекти може да правите што ќе посакате. Русија ги ставила недвижнините од 19-от век во Санк Петербург на пазарот за да ги спаси од пропаѓање. Цената за нивно изнајмување?

Цената за нивно изнајмување? Една рубња (0.014 евра). 

Неколку програми со наслов “куќа за рубља“ покренати се ширум земјите во светот со намера да се спасат историските згради кои се прилично руинирани.

Кога градските власти ќе ги стават на аукција, инвеститорите можат да ги изнајмат или пак да ги откупат по поволни услови доколку се согласат да ја обноват нивната структура, пишуваат од „Strelka Mag“.


Победниците на аукцијата вообичаено се согласуваат на закуп во траење од 49 години. Кога реставрацијата ќе биде завршена новите сопственици можат да ги претворат објектите во згради и хотели, продавници и кафулиња, а и понатаму ќе плаќаат само по една рубља месечно.


Еден од петте објекти кои моментално може да се изнајми за една рубља е Alexandrovsky Vorota, St. Petersburg.

Станува збор за градба, која е изградена во 1806-та година во Окхта, а своето име го добила по името на царот Александар I кој ја посетил таа локација по големата експлозија на барутот.


Акцијата за тоа место ќе биде одржана на 17-ти октомври. Според програмските правила, изнајмувачот објектот треба да го обнови за седум години и потоа ќе може да плаќа закуп од една рубља по квадратен метар годишно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг