Жиру во јануари конечно го напушта Челси и се сели во Серија А ?

Дерби

16/10/2019

13:12

1.102

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Италија пренесуваат дека Оливие Жиру сериозно размислува да си замине од редовите на Челси во јануарскиот преоден рок.

Според „Калчомеркато“ за искусниот француски напаѓач постои интерес од тимот на Интер кој е во потрага по замена за Алексис Санчез кој доживеа потешка повреда додека беше на интернационална должност со Чиле.

Жиру не успева да му го одземе местото во стартниот состав на Челси на младиот Тами Абрахам кој игра фантастично на почетокот на сезоната и е најдобар стрелец во клубот. Згора на тоа, во Челси е и Мичи Батсуаи на кого Френк Лампард ќе смета во вториот дел од сезоната, па така Жиру ќе добие одврзани раце да си замине од клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг