Австралиец одлучил пред неколку месеци да стави надзорна камера на неговот имот и тоа ѝ го спасило животот на една жена.
Жената која што поминала три дена изгубена во австралиската дивина се спасила откако на земјата напишала „СОС“, а пораката ја забележал сопственикот на имотот преку безбедносната камера.
55-годишната Дебора Пилгрим се загубила во неделата откако се одвоила од групата за кампување во јужна Австралија.
За среќа, спасувачките екипи успеале да ја пронајдат и тоа благодарение на нејзината порака. Сопственикот на имотот каде што било напишано „СОС“, кој инаку живеена 70 километри од местото, ја забележал пораката на безбедносната камера и веднаш ја алармирал полицијата.
Спасувачките служби ја пронашле Пилгрим во вторникот навечер по локално време „во добро здравје“.
Полицијата соопштила дека сопственикот на имотот, Нил Мериот повремено ги проверувал безбедносните камери на неговиот имот откако дознал дека исчезнала жена во близина.
„На земјата беше испишано „СОС“, а тоа го немаше претходниот ден“, раскажува Мериот кој откри дека безбедносните камери ги поставил после низата на провалувања на неговиот имот.