Хабиб најави кога ќе се пензионира: Тешко е да останеш непоразен, знам кога ќе завршам…

Дерби

16/10/2019

11:31

1.797

Големина на фонт

а а а

Хабиб Нурмагомедов важи за еденод најдобрите ММА борци на денешницата, а неговиот скор од 28 натпревари и исто толку победисе уште е главна тема во боречкиот спорт.

Многумина го предизвикале контроверзниот Дагестанец, но на сите тој им покажуваше кој е кој. Најголемо внимание привлече борбата со Конор Мекгрегор која Мекгрегор ја доби без поголеми проблеми.

Следен предизвикувач веројатно ќе му биде Тони Фергусон, кој го „пецна“ на социјалните мрежи и најави дека ќе му го раскрвави лицет штом се сретнат во октагонот.

Сега, Нурмагомедов зборуваше за тоа кога планира да се пензионира, и најави дека во октагонот ќе остане уште две години.

– Знам дека доаѓаат многу млади, гладни момци и знам дека е невозможно засекогаш да сотанеш непоразен. Речиси е невозможно, може да погледнете низ примерите во минатото. Сите тие не препознале кога треба да запрат. Јас мислам дека ќе треба да прекинам за две години. Две,максимално три години, но мислам дека сепак ќе бидат две. Не сакам да се борам цел живот, затоа што знам колку е тешко тоа. Наполнив 31 година, што не е многу, но со 33 или 34 години морам да бидам готов. Сега сум фокусиран на тоа што е пред мене, квалитетни натпревари кои морам да ги поминам, - изјави Нурмагомедов во интервју за „Араб Њус“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг