Новите генерации одат на работа само поради две причини – еве кои се тие

Супермен

16/10/2019

10:56

2.285

Големина на фонт

а а а

Миленијалците се најмногу мотивирани да одат на работа поради можноста да заработат за патувања и да имаат пари за да ги платат своите основни трошоци секој месец.

Цели 81 отсто во истражувањето на компанијата “FlexJobs” рекле дека работат само за да ги платат сметките, а 63 отсто изјавиле дека работат за да можат да патуваат. Ваквата бројка е многу поголема од оние кои се изјасниле дека првенствено се мотивирани за да отплатат некој долг или да заштедат за пензија. 


Мотивот на миленијалците за секојдневното одење на работа значително се разликува од оној мотив кој го имале нивните родители, баби и дедовци.

Дури 55 отсто од испитаниците во една друга анкета рекле дека немаат своја пензиска сметка и тоа е голем проблем, особено бидејќи раното отворање на сметка е еден од најкритичните елементи за заштеда на пензија.

Истражувањето покажува дека просечниот миленијалец има долг на кредитните картички од околу 27 илјади долари, а поради високите каматни стапки на картичките, таквиот начин на задолжување е еден од најскапите кои можете да ги применувате.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk