Хулигани од Грција предизвикале голем инцидент по вчерашната средба со Бих: Со оружје ги нападнале гостинските навивачи

Дерби

16/10/2019

10:50

1.219

Големина на фонт

а а а

Грција успеа да слави против Босна и Херцеговина на синоќешниот натпревар во рамките од евроквалификациите со 2:1 со што дефинитивно ги уништи надежите на избраниците на Роберт Просинечки за пласман на континенталниот собир.

По натпреварот во еден од хотелите се одвивало трето полувреме откако хулигани, навивачи на АЕК со пиштоли и безбол палки упаднале на терасата каде биле сместени неколку навивачи на Босна и Херцеговина.

40-тина домашни фанови почнале да ги малтретираат гостите, а еден од навивачите добил и удар во пределот на лицето.

Завчера инцидент режираа хулиганите од Бугарија кои со расистички испади ги нападнаа фудбалерите на Англија, а вчера се случи и овој немил инцидент во Грција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг