Снимањето на овој филм можело да ги чини живот: Биле повредени дури 70 членови на екипата, а помеѓу нив и познатата актерка

Точка

16/10/2019

10:35

3.916

Големина на фонт

а а а

Филмот “Roar” важи за најопасниот филм некогаш снимен, а сè поради 150-те недресирани лавови и тигри кои учествувале во снимањето, како и 70 повредени членови на филмската екипа.

Главни протагонисти на “Roar” се ловецот на таленти и продуцентот Ноел Маршал и ѕвездата на филмот “The Birds”, Типи Хедрен, кои со своите деца живееле на имот на кои имало дури 150 нескротени животни, односно лавови, тигри, пуми, јагуари и два слона. 

Идејата за снимањето на ваквиот филм ја добиле Маршал и неговата сопруга откако во својот дом во Лос Анџелес вдомиле лав. Како што вели легендата, Маршал и Хедрен сакале да го свртат вниманието на јавноста кон проблемот со загрозеноста на дивите животни, но избрале прилично погрешен начин.

Тие планирале да го снимат филмот за 6 месеци и 3 милиони долари, но на крајот снимањето траело 5 години, а за истото потрошиле дури 17 милиони долари. Поголемиот дел од парите ги обезбедиле самите Хедрен и Маршал.


Иако истакнувале дека во текот на снимањето на филмот ниту едно животно не било повредено, тоа не може да се каже и за актерите и филмската екипа на сетот. Дури и ќерката на Типи Хедрен, денес познатата актерка Мелани Грифит, завршила на реконструктивна хируршка операција по повреда на лицето.

Снимателот Јан де Бонт “заработил” 220 шавови откако бил нападнат од еден од лавовите. Ноел Маршал неколку пати бил гризнат, па завршил во болница со гангрена, а Хедрен ја скршила ногата за време на снимањето на сцена со слон, а и самата имала проблеми со гангрена.


Додека некои актери јавно зборувале за сè што се случувало на снимањето, Грифит денес не сака да има никаква врска со филмот.

“Roar” конечно започнал да се прикажува во 1981 година, а заработил само 2 милиони долари. Пред 4 години повторно беше прикажуван во кино салите низ Америка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг