Алармантно предупредување на Могерини: Ако не го внесете Западен Балкан во ЕУ, ќе има војна!

Точка

16/10/2019

08:57

8.080

Големина на фонт

а а а

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека Европската унија за да го стабилизира и обедини сопствениот континент треба да во внесе Западен Балкан во ЕУ.

„За да ги направиме војните невозможни на нашиот континент, потребно е да ја обединиме Европа така што ќе го внесеме Западен Балкан во Европската унија“, порача Федерика Могерини.

Таа во говорот „Улогата на Европската унија како глобален играч“ на Универзитетот Оксфорд, нагласи дека Европа ќе биде голема глобална сила само ако ја заврши работата и го стабилизира сопствениот континент, со што би се отстранила можноста за нови војни во Европа.

Тоа според шефицата на европската дипломатија може да се случи само ако европскиот континент се обедини и земјите од Западен Балкан станат дел од Европската унија.


„Во последните години имавме значајни чекори, почнувајќи од договорот помеѓу Македонија и Грција. Исто така, важен напредок и покрај тешките пречки е постигнат и во дијалогот помеѓу Белград и Приштина“, истакна Федерика Могерини.

Таа оцени дека сите шест партнери во регионот ги спровеле клучните реформи, а лидерите и народите од Западен Балкан станале свесни за важноста на меѓусебната соработка.

„За да го консолидираме напредокот на Балканот, сега е време да ги отвориме пристапните преговори со Македонија и Албанија. Се надевам дека нашите лидери ќе ја донесат вистинската одлука во следните неколку денови“, порача Могерини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг