Интересна одлука: Минатово лето сите италијански гиганти се „тепаа“ за него, а тој денеска потпиша нов договор со Удинезе

Дерби

16/10/2019

09:20

1.114

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот фудбалски прволигаш Удинезе во летниот преоден рок успеа да ги одбие сите напади од големите екипи за услугите на Родриго Де Паул за да денеска издвојува уште една победа и го продолжи договорот со аргентинскиот репрезентативец до 2024 година.

За услугите на Де Паул заинтересирани беа Милан, Интер, Рома, Наполи и Фиорентина, односно сите очекуваат тој со сигурност да си замине од Удине, ама тоа не се случи за да сега дојде до продолжување на соработката.

Офанзивецот во минатата кампања имаше учинок од девет голови и девет асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг