Шпанскиот селектор: Де Хеа беше повреден уште на полувремето, но ни даде збор

Дерби

16/10/2019

08:57

1.457

Големина на фонт

а а а

Со ремито на натпреварот со Шведска изборено во самата завршница на гостувањето во Стокхолм, Шпанија обезбеди пласман на Европското првенство уште пред да се одиграат последните две кола од квалификациите, но ако има некој посебно незадоволен од овој дуел кој се одигра синоќа, тоа дефинитивно се фановите на Манчестер Јунајтед.

Давид Де Хеа имаше спектакуларно прво полувреме во кое изрежира неколку извноредни одбрани, но во 60-та минута беше заменет од страна на шпанскиот селектор, повреда која дефинитивно е лош сигнал за Оле Гунар Солскјер и фановите на Јунајтед на неколку дена пред големото дерби во Премиер лигата против Ливерпул.

Де Хеа сигурно ќе подлегне на детални медицински тестови по враќањето во Манчестер, но во меѓувреме, шпанскиот селектор Роберт Морено откри дека голманот имал проблеми уште на полувремето.
– Де Хеа имаше болка во адукторот (квадрицепс) уште на полувремето, но доби третман од лекарите и сакаше да продолжи да игра. Тој ни даде збор дека ќе биде во ред, но на крајот сам почувствува дека не може да продолжи. Презадоволен сум од неговото издание, тој е тука за да му помогне на тимот и докажа дека може да биде решавачки со своите одбрани, исто како и останатите голмани на кои сметаме, – изјави Морено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг