Давид Де Хеа вечерва се најде на голот на Шпанија за квалификацискиот меч со Шведска и бранеше одлично 60 минути по што мораше да ја напушти играта поради повреда.
Де Хеа едноставно не мошеше да го продолжи натпревар кој можеби беше и негов најдобар во актуелнава сезона, па сега „виси“ за престојното дерби со Ливерпул во Премиер лигата. Првите информации се дека станува збор за проблем со мускулот, но дали е нешто посериозно и дали, колку ќе мора да паузира ќе кажат деталните медицински прегледи.
Инаку Шпанецот во Стокхолм имаше неколку одлични интервенции, а дефинитивно најдобрата, најатрактивната беше во првото полувреме.