Неуморниот Милнер на најдобар можен начин објасни какво е чувството кога се чува Меси

Дерби

16/10/2019

08:41

1.065

Големина на фонт

а а а

Џејмс Милнер како вип гостин во специјалното издание на „What I Wore“ шоуто на „Би-Ти“ Спорт даваше изјави за сето она што го доживеаја тој и неговите соиграчи изминатата натпреварувачка сезона, ставајќи посебен акцент на големото финале во Лигата на шампионите, но и на незаборавното полуфинале со Барселона кое според многумина беше нивниот најважен меч.

Ливерпул се врати од нестварна негатива на вториот меч на „Енфилд Роуд“ и со победата од 4:0 ги неутрализираше трите гола негатива од „Камп Ноу“, а обидувајќи се да долови што точно се случи на овие два меча, Милнер како еден од капитените на својот тим не заборави да го потенцира квалитетот на Лионел Меси.

– Резултатот од првиот меч не беше фер, но фудбалот понекогаш е неправеден и мора да се справите со тоа. Од друга страна пак, за противник го имавме тој човек, Лео Меси. Навистина е многу тешко да трчате најбрзо што можете, а притоа нозете да ви бидат затворени бидејќи може да направи да изгледате глупави во секој момент. Но дури и така, кога ќе успеете во тоа, сите знаете каков гол постигна од слободен, секогаш ќе биде тешко да се игра со него, – објаснува Милнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг