Сончево време со температура до 31 степен

Макфакс

16/10/2019

08:34

979

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервалот од 1 до 10, а максималната од 24 до 31 степен, информира УХМР.

Во Скопје сончево и топло време со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 30 степени.

Во следните денови продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Кон крајот на неделата ќе има мала до умерена облачност, а дневните температури тогаш благо ќе опаднат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг