Скандал во Јапонија: Земјата ја погодил најголем тајфун во последните 10 години, а бездомниците не сакале да ги пуштат во засолништата

Точка

15/10/2019

21:02

2.039

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот премиер Шинзо Абе реагирал по неколку инциденти кога бездомници биле спречени да влезат во засолништата во текот на најлошата олуја во последната деценија, велејќи дека засолништата за тајфуни треба да бидат отворени за сите.

Двајца бездомници се обиделе да најдат засолниште во Токио, но биле одбиени бидејќи немале адреси. Случајот предизвикал голема расправа во Јапонија. 

Еден бездомник отишол во основно училиште кое се користи како центар за евакуација.

Од мажите било побарано да го напишат своето име и адреса. Кога рекол дека нема адреса, бил одбиен.

"Има кажав дека имам адреса во Хокаидо, но тие сепак ме одбија", рекол тој.

Наместо тоа, ноќта ја минал под чадор, под стреата на една зграда.

"Сакав да ме пуштат во објектот, ветерот беше силен и врнеше дожд", рекол тој.

Уште еден бездомник бил одбиен подоцна тоа попладне.

Кога вестите за тоа се ширеле на социјалните мрежи, дошло до огорчување поради одлуката на засолништатата. Но, други биле помалку чувствителни, наведувајќи дека "смрдливите" или "ментално болни" бездомници можат да бидат пуштени во прифатилишта само ако постои посебна просторија за нив.

Инаку, јапонските спасувачи се во трка со времето да најдат најмалку 15 луѓе кои натаму се водат како исчезнати, по ударот на тајфунот кој убил најмалку 68 луѓе и парализирал повеќе области погодени од поплави.

Најмоќниот тајфун кој минатите децении ја погодил Јапонија исто така предизвикал појава на околу 150 свлечишта, како и снемување на струја и вода во разни делови на земјата.

Околу 10.000 домови се поплавени, а властите ги предупредуваат граѓаните да се заштитат од инфекции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг