Едни бегаат, а други доаѓаат на бојното поле: Американската и сириската војска очи во очи! Вака се разминале на северот на Сирија

Точка

15/10/2019

20:07

6.061

Големина на фонт

а а а

Американските трупи и Сириско-арапската армија верна на Башар ал Асад се нашле очи во очи и мирно минале едни покрај други. Можеби поинакво сценарио било очекувано, но овој пат немало судир бидејќи едните бегале, а другите оделе кон бојното поле.

Снимката ја направила агенцијата RT, на северот на Сирија, во близина на пограничниот град Кобане. 

На кратката снимка се гледа американски воен конвој од неколку оклопни возила кои го напуштаат градот, додека кон градот одат неколку воени возила на сириската војска.

Изгледа дека и на едните и на другите им се брзало - на сириската војска поради офанзивата на Ердоган кон североистокот на Сирија населен со Курди, а американските трупи за што побрзо да се повлечат од бојното поле по наредба на Доналд Трамп.

Неколку дена претходно, Курдите на северот на Сирија и војската верна Асад направиле неочекуван, па дури и парадоксален сојуз, ако се има во предвид дека Курдите и бунтовниците од редовите на Сириските демократски сили, на чија страна војуваат Курдите, на почетокот на осумгодишната војна во Сирија биле против Асад.

Сојузот го иницирала одлуката на Доналд Трамп да ги повлече своите трупи од северот на Сирија и со тоа да отвори пат за офанзивата на Турција. Ердоган операцијата која иронично ја нарекува "Извор на мир" ја започнал пред неколку дена, а во исто време и сириската војска се разместува во курдските градови на северот. До почетокот на овие операции, Курдите и СДФ биле сојузници на САД на теренот.

Инаку, Анкара ја смета курдската милиција за терористичка група поради врската со забранетата Курдистанска работничка партија, која со децении бара отцепување на југот на Турција од остаткот на земјата. Официјалното објаснување на Турција за упадот во Сирија е воспоставување на безбедна зона широка 30 километри од заедничката граница и сместување на бегалци во таа територија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг