Конечно и една од омилените актерки се најде на Инстаграм, а нејзината прва објава ги воодушевила сите.
50-годишната Џенифер Анистон, една од омилените холивудски ѕвезди, која се прославила со улогата на Рејчел во серијата "Пријатели", конечно, на воодушевување на фановите ширум светот, отворила профил на Инстаграм.
Иако сите нејзини колеги од серијата која и денес е многу гледана имаат профили на социјалните мрежи, Џенифер тоа го направила дури сега, но вредело да се чека, со оглед на тоа дека ги разнежнила сите со својата прва објава.
Станува збор за комплетната екипа од легендарната серија "Пријатели", а на фотографијата се Кортни Кокс, Мет ЛеБланк, Дејвид Швимер, Лиса Кудроу и Метју Пери.
"Сега сме пријатели и на Инстаграм", напишала Џенифер покрај фотографијата со која ги израдувала сите фанови на серијата.
Фотографијата за само еден час добила повеќе од милион лајкови, а Џенифер за кратко време собрала 350.000 фанови.
"Пријателите ме викаат Џен", стои во описот на верификуваниот профил.