Пронајдено семејство кое во подрум живеело 9 години чекајќи го крајот на светот: Најстариот син побегнал во паб, а кога ја споделил приказната...

Точка

15/10/2019

19:02

4.690

Големина на фонт

а а а

Во подрумот на една куќа во Руинерволд, во Холандија, било пронајдено семејство кое таму живеело девет години чекајќи го крајот на светот.

Откриено е дека таму живеел 58-годишен маж со шест деца, на возраст од 16 до 25 години. 

9 години минале во подрумот во куќа на фарма окружена со дрва, а целата приказна била разоткриена кога најстариот син се појавил во локален паб и нарачал пиво. На локалните жители им кажал дека му е потребна помош, па била повикана полицијата.

Изгледал прилично збунето, а рекол дека со семејството живее во изолација до крајот на сетот.

"Испи пет пива, а потоа ми се довери дека побегнал и дека му треба помош. Имаше долга коса, валкана брада, носеше стара облека. Рече дека никогаш не одел во училиште и дека никогаш не се избричил", рекол сопственикот на пабот, Крис Вестербик.

Нивниот татко ги прекинал сите контакти со надворешниот свет. Преживувале со помош на зеленчук кој сами го одгледувале. Децата немале ни информации ни претстава за надворешниот свет.

Во текот на пребарувањето на куќата, во ормарот во дневната соба откриле скали кои воделе до подрумот.

Инаку, во Руинерволд живеат околу 3.000 луѓе, а куќата на семејството била прилично изолирана.

Уште не се знае што се случило со мајката, а таткото на децата, според некои извештаи, доживеал удар, па некое време бил врзан за креветот.

Истрагата би требало да ги утврди сите околности на овој необичен случај.




Спонзорирани линкови

Маркетинг