Ова е капетанот кој ги соборил сите рекорди: Со огромен крузер се провлекол низ тесниот Коринтски канал и го воодушевил светот, а сега е откриено дека е од регионот

Точка

15/10/2019

18:04

5.003

Големина на фонт

а а а

Крузерот на норвешката компанија "Фред Олсен" го соборил досегашниот рекорд, станувајќи најголемиот, односно најдолгиот брод кој минал низ Коринтскиот канал, а за тоа е заслужен дубровничкиот капетан Јозо Главиќ.

Крузерот долг 195,82 метри и широк 22,5 метри овој Хрват низ каналот го минал без поголеми проблеми, а за него тоа претставува момент на кој секогаш ќе биде горд и на кој посебно ќе се сеќава. 

За преминувањето се подготвувал подолго време и смета дека овој потфат е големо признание за неговата компанија.

Исто така, истакнува дека речиси сите патници излегле на палубата за да го видат историскиот момент, па поминувањето сите биле шокирани и воодушевени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг