“Без'рбетникот“ Леброн - многубројни навреди на сметка на “кралот“ поради твитот за Кина

Точка

15/10/2019

18:18

4.596

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс со години наназад е најдобриот кошаркар на светот, па по подолг период на молчење конечно проговорел за ситуацијата помеѓу Кина и НБА.

Лејкерс претходниве денови се наоѓаа на турнеја во Кина која беше испратена со скандал предизвикан од твит на генералниот менаџер на Хјустон Рокетс, Дарил Мори.

Демонстрантите протестираат по улиците на Хонгконг, стотина луѓе се повредени, а сето тоа поради тоа што владата примени Закон за вонредни мерки кои овозможуваат екстрадиција на затворениците во Кина.

Мори на Твитер напишал порака во која го поддржал народот во Хонгконг, после што Кина остро реагирала укинувајќи многубројни спонзорски договори. НБА би можела да остане без милијарда долари и поради тоа следел молк кој го прекинал Леброн.

Леброн прв рекол дека Мори не бил свесен за ситуацијата, а потоа на Твитер напишал како луѓето мораат да разберат што еден твит или соопштение може да направи.

На тој твит реагирале повеќе од 30.000 луѓе, а поголемиот дел од нив го критикувале Леброн со оглед на тоа што застанал на страната на Кина, а не на слободата. Многумина го потсетиле на неговиот твит од 2018-та година, кога го цитирал легендарниот Мартин Лутер Кинг - „Неправдата е закана на сите правди. Нашите животи умираат кога ќе замолчиме за работите кои се важни“.

Џејмс, но и останатите луѓе од НБА тоа го прават сега, што е разбирливо од перспектива на парите. Кина е најголемиот пазар за НБА и поради тоа “сите молчат за работите кои се важни“.

##https://twitter.com/BenGolliver/status/1183917743680020480##



Спонзорирани линкови

Маркетинг