На интернет се појавиле снимки од сурово мачење на мајмуни во Германија.
Снимените мајмуни служат за тестирање на отрови во лабораториите во покраината Долна Саксонија на северот на Германија.
На снимките се гледа како мајмуните се тестирани во ужасни услови - врзани со метални обрачи и држени во мали кафези, каде врискаат од болки. Ги откриле борци за права на животни. Освен мајмуни, се тестираат и мачки, кучиња и зајци.
Организациите "SOKO Tierschutz" и "Cruelty Free International" спровеле тајно снимање со еден работник во лабораторијата.
"Животните уште мавтаа со своите опашки кога беа носени на мачење. Мајмуните имаа најлош третман. Работниците кои таму работат не се обучени за нега на животни", рекол Фредерик Мулин од "SOKO Tierschutz".
Како што пишува британски "Metro", мачките во лабораториите примаат и до 13 инјекции дневно. Активистите за права на животните повикуваат на заострување на законите.
"Тестовите за токсичност вклучуваат и труење на животни за да се види колку хемикалии се потребни за да се нанесе сериозна штета, обидувајќи се измерат која доза би можела да биде безбедна за луѓе", предупредуваат активисти.