„Ќе уринирам во гаќи, па сестрите нека ме бришат и сушат“ - старлетата надвор од контрола поради тесниот фустан!

Точка

15/10/2019

17:30

8.061

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан Вест (38), на овогодишната Мет Гала носела корсет поради кој не можела да појде ниту во тоалет, бидејќи премногу ја притискал.

Во новата епизода на ријалити шоуто кое го прикажува нејзиниот живот и животот на сестрите, ги открила маките низ кои поминувала.


Старлетата облекла, односно ѝ помогнале тројца мажи за да облече корсет.

„Ќе ми биде проблем кога ќе морам да одам во тоалет. Минатата година имав метална креација, па ги 'ширев' нозете кога одев во тоалет. Ако ми се случи истото оваа година, мислам дека ќе уринирам во гаќи, па некоја од сестрите нека ме избрише и исуши. Воопшто не се шегувам“, коментирала Ким.


Имено, Кардашијанката имала тесен корсет со кој не можела да се движи, па ѝ се извинила на Ана Винтур (69), организаторката на Мет Гала.

„Ана, ако не седнам на вечерата, сега знаеш зошто. Ќе се движам околу, ќе се дружам, но не можам да седам“, ѝ рекла Ким.




Спонзорирани линкови

Маркетинг