“Гради во гради“ со премиерот - Плејбој зајачицата направи “хаос“ во предизборната трка во Канада

Точка

15/10/2019

17:52

2.877

Големина на фонт

а а а

„Од Полска побегнавме во Германија за во Канда да стигнам како мигрантка“ - отворено кажала Ана која во Торонто студирала криминалистика и форензика.

Во Канада на 21-ви октомври се одржуваат избори, а најчестото прашање кое се поставува е дали либералите ќе го казнат Џастин Трудоа поради неодамна откриената склоност на обојување на лицата во црно, т.н. “блекбејс“.

Како и во секоја држава и тука има кандидати кои многумина ги нарекуваат за посебни.

Меѓу нив најголемо внимание привлекла Ана Кросинска, позната како Чарли Рина.

Таа пред сè е позната како Плејбој зајачица. За најпопуларниот машки магазин првпат се фотографирала во 2011-та година, а потоа сето тоа го повторила повеќе пати. Пред три години прогласена била за “Плејбој интернешнал Плејмејт“.

Но, Ана или Чарли не сака кога се споменува исклучително во контекст на нејзината убавина, иначе како дете била екстремно талентирана во играњето шах, а освен кариерата како модел таа истакнува дека е активистка.

И сето тоа би било прекрасно и восхитувачко доколку на изборите не оди како кандидат на популистичката, десничарска партија, Народна партија на Канада чиј претседател баш и не ги симпатизира мигрантите. Секао дека тоа не е негово право, но во приказната интересно е тоа што и самата Ана е мигрантка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг