Град Скопје поднесе барање за дозвола за дистрибуција на енергија за затоплување

Макфакс

15/10/2019

16:51

697

Големина на фонт

а а а

Од Град Скопје соопштија дека вчера (14 октомври) до Регулаторната комисија поднеле барање за издавање лиценца за дистрибуција на топлинска енергија.

„Поднесена е документација со која се потврдува дека АД ГЕС – Скопје е единствено правно лице што има утврдено трајно право на користење инфраструктурни објекти, енергетска инфраструктура – топловоди во сопственост на Република Северна Македонија, кои се наоѓаат на подрачјето на град Скопје“, информираат градските власти.

Покрај тоа, претпријатието „Градски енергетски системи“ (ГЕС) доставило и информација за обезбедени финансиски средства за тековно работење и набавка на основни средства за дејноста, како и дека за вработување на стручните кадри се потребни максимум 45 дена.

Од Град Скопје истакнуваат дека со поднесување на барањето со документацијата, АД ГЕС – Скопје ја почнало постапката за добивање лиценца за дистрибуција на топлинска енергија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг