Познатиот агент откри како пропаднал трансферот на Џеко во Интер

Точка

15/10/2019

15:49

1.793

Големина на фонт

а а а

Познатиот фудбалски агент Силвано Мартина раскажа за италијанските медиуми што се случувало минатото лето во врска со трансферот на Џеко во Интер.

Како што е познато, иако постоеше интерес од страна на Интер, а ниту Џеко немаше ништо против да се пресели во редовите на миланскиот гигант, сепак босанскиот напаѓач остана во редовите на Рома.

Мартина кој посредуваше во 2016-та година при трансферот на Џеко во Рома, минатото лето беше „уловен“ неколку пати во просториите на Интер. Тој сега открива зошто пропадна трансферот на Џеко во Интер.

„Интер навистина го сакаше Џеко, но моравме да чекаме до последниот ден за да донесеме одлука. Тоа секако, не му одговараше на Џеко. Тој ќе беше среќен во Интер, посебно затоа што играат во Лигата на шампионите и со Јувентус се борат за Скудетото“, откри Мартина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг